• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фатих Терим нов тренер на Ал Шабаб

Фатих Терим нов тренер на Ал Шабаб


Ријад, 27 декември 2024 (МИА) – Турскиот фудбалски стратег Фатих Терим, кој со Галатасарај го освои Купот на УЕФА во 2000 година, го презеде Ал-Шабаб, објави денеска саудискиот клуб.
Терим (71) ќе седне на клупата на местото на Португалецот Виктор Переира.
Покрај тоа што на турскиот фудбал му ја донесе единствената титула на европската сцена, Терим освои и осум првенствени титули со Галатасарај. Тој беше отпуштен како тренер на Панатинаикос на крајот од минатата сезона.
Терим во два наврати беше турски селектор, а седеше и на клупите на Милан и Фиорентина. ег
ФОТО: Икс

 

Остани поврзан