• сабота, 23 ноември 2024

Фабрика Тесла во близина на Берлин соопшти дека двојно го зголемила производството на возила

Фабрика Тесла во близина на Берлин соопшти дека двојно го зголемила производството на возила
Потсдам, 22 октомври 2022 (МИА) – Американскиот производител на електрични автомобили Тесла го удвои нивото на производство во својата европска фабрика во последните неколку месеци, за да достигне 2.000 модели Y неделно, соопшти компанијата. Сепак, Тесла е сè уште далеку од својата цел – да произведува 500.000 електрични автомобили годишно во оваа фабрика. - Во зголемувањето на производството, Giga Berlin достигна уште една пресвртница од 2.000 автомобили произведени за една недела со многу добар квалитет и брзо се зголемува, рече извршниот директор на Тесла на неодамнешната квартална презентација на резултатите на компанијата. Во фабриката во Бранденбург работат околу 12.000 луѓе. Во септември, се покажа дека Тесла ја работи фабриката без функционален систем за аларм за пожар, но оттогаш има инсталирано привремен систем што е одобрен од локалните власти, потсетува ДПА. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан