• вторник, 24 декември 2024

ФАА им забрани на американските компании да летаат над Ирак, Иран...

ФАА им забрани на американските компании да летаат над Ирак, Иран...
Вашингтон, 8 јануари 2020 (МИА) - Американската федерална администрација за авијација (ФАА) им забрани на американските авио-превозници да летаат во воздушниот простор на Ирак, Иран, Оманскиот залив и водите меѓу Иран и Саудиска Арабија, по ракетниот напад ноќеска во две бази со американски војници во Ирак. Во соопштението на ФАА се наведува дека забраната за користење на тој воздушен простор „поради зголемените воени активности и политичките тензии на Блискиот исток е огромен ризик за цивилното воздухопловство на САД“. Неколку авиокомпании кои не доаѓаат од САД веќе ги прекинаа летовите над делови од Ирак и Иран. Пред денешната препорака, ФАА во јуни им забрани на американските превозници да летаат под 7.900 стапки во воздушниот простор во Ирак и Иран. паг/  

Остани поврзан