У20: Македонските кошаркарки против Словенија во четвртфиналето на ЕП
- Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години утре против Словенија ќе се обиде да избори пласман меѓу четирите најдобри селекции на Европското првенство Б-дивизија кое се одржу

Скопје, 14 јули 2022 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години утре против Словенија ќе се обиде да избори пласман меѓу четирите најдобри селекции на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје.
Македонските кошаркарки изборија пласман во четвртфиналето, откако синоќа ја совладаа Романија со 55-53, а подоцна Црна Гора триумфираше над Хрватска со убедливи 80-49.
Избраничките на Јелена Антиќ во четвртфиналето ќе се сретнат со репрезентацијата на Словенија која е првопласирана во Д сегментот. ег/цр