• понеделник, 23 декември 2024

У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа квалификациите во Б лигата на УЕФА

У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа квалификациите во Б лигата на УЕФА

 

Кишињев, 3 април 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години со победа стартуваше на квалификацискиот турнир во Молдавија во рамки на втората рунда во Б лигата на УЕФА, откако попладнево триумфираше над домаќинот со 4-0 (2-0).

Македонија одигра одличен натпревар и сосема заслужено забележа убедлива победа, надигрувајќи го противникот во целост на денешната средба.

Билјана Панеска во 18. минута ја доведе младата репрезентација на Македонија во предност, а Катерина Петкова го зголеми водството во 35. минута. Двоен стрелец во вториот дел беше Ева Андонова (73, 81).

Во второто коло од квалификацискиот турнир во Молдавија, женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе се соочи со селекцијата на Литванија во вторник.

Во вториот натпревар од првото коло на квалификацискиот турнир, репрезентацијата на Велс оствари победа над Литванија со 2:0. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан