• понеделник, 23 декември 2024

У17: Македонските фудбалерки во група со Полска, Данска и Шкотска за пласман на ЕУРО 2024

У17: Македонските фудбалерки во група со Полска, Данска и Шкотска за пласман на ЕУРО 2024

Нион, 8 декември 2023 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години претпладнево со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дозна противниците за завршната рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство чиј домаќин идниот мај ќе биде Шведска.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска ќе играат во групата 7 во А – дивизијата во која конкуренти ќе им бидат селекциите на Полска, Данска и Шкотска.

Македонската женска кадетска репрезентација се врати во А-дивизијата, откако првата фаза од есенските квалификации ги заврши како најдобро второпласирана репрезентација во Б-сегментот. На квалификацискиот турнир што во октомври се одигра во Косово, избраничките на Милеска извојуваа убедливи победи над Грузија (5-0) и Ерменија (4-0), а загубија минимално (1-2) од домаќинот.

Пласман на Европското првенство во Шведска ќе обезбедат првопласираните репрезентации од седумте квалификациски групи во А-дивизијата кои ќе бидат комплетирани до 24 март. ег/дма/

Фото: ФФМ

Остани поврзан