• петок, 05 декември 2025

У17: Македонските фудбалери ремизираа со Унгарија на стартот на евроквалификациите

У17: Македонските фудбалери ремизираа со Унгарија на стартот на евроквалификациите

 

Струмица, 8 октомври 2025 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 17 година одигра попладнево во Струмица нерешено 2-2 (1-1) против Унгарија во воведниот натпревар од Групата 2 за пласман во елитната рунда во квалификациите за Европското првенство 2026.

Избраниците на селекторот Влатко Колев со максимално пожртвувана игра два пати се враќаа од гол негатива, а во второто полувреме не искористија и идеална шанса преку Исламовиќ за целосен резултатски пресврт.

Унгарците дојдоа во водство на средина од првото полувреме преку Полонкај, а Стојковски го израмни резултатот во 44 минута.

На самиот почеток на второто полувреме Унгарија го врати водството со прекрасен гол од слободен удар на Бозе во 48 минута.

Во продолжението, македонската репрезентација тргна офанзивно што резултираше со израмнување преку Џангаровски во 67 минута.

Во вториот натпревар од воведното коло на квалификацискиот турнир во Струмица, репрезентацијата на Чешка го совлада Гибралтар со 13-0.

Македонските фудбалери в сабота ќе играат против Чешка, а во завршното коло во вторник против Гибралтар. ег

ФОТО: МИА

Остани поврзан