• петок, 05 декември 2025

У17: Македонските фудбалери втор пат поразени од Кипар

У17: Македонските фудбалери втор пат поразени од Кипар

 

Радовиш, 18 септември 2025 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 17 години претрпе нов пораз против Кипар во пријателски натпревар. Откако во вторникот беше 1:0 за противничката селекција, денеска Кипраните ја совладаа македонската селекција поубедливо со 3:0, на дуелот одигран во Радовиш.

Кипар го отвори резултатот во 28. минута преку Христодулидес.

Во второто полувреме во 56. минута Герасиму зголеми на 2:0. Во судиското надополнување од натпреварот, Неофиту успеа да постигне и трет гол за Кипар, за конечен триумф на гостите од 0-3.ег

ФОТО: ФФМ

 

Остани поврзан