• сабота, 23 ноември 2024

УЈП И ДИТ потпишаа договор за размена на податоци и соработка

УЈП И ДИТ потпишаа договор за размена на податоци и соработка

Скопје, 10 февруари 2023 (МИА) - Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорката на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска, денеска потпишаа Договор за размена на податоци и соработка.  Со овој документ се унапредува меѓуинституционалната соработка, и се овозможува поголем увид во тоа кој работодавачи согласно, законски предвидениот рок, задоцнето или воопшто не поднеле МПИН пресметка за плати, исплатиле плати помали од минималната плата или неисплатиле регрес за годишен одмор.

Директорката Лукаревска, појасни дека овие податоци и досега се доставуваа до ДИТ, но сега опсегот е поголем.

-Со овој договор за соработка, се јакнат капацитетите на двете институции, се создава солидна основа за партнерско справување и јакнење на механизмите за навремена постапка и заштита на работниците од доцнење и не исплаќање на плати и заштита на други  права од работен однос, рече Лукаревска. 

Директорката на ДИТ, Томовска, пак, истакна дека на овој начин во реално време ќе имаат увид кои фирми задоцнето или воопшто не поднеле МПИН пресметка по што Државниот инспекторат за труд како надлежен орган ќе направи увид и ќе ги превезма понатамошните активности согласно нивните надлежности.

-Со оваа партнерски, ја јакнеме ефикасноста на инспекциските постапки. – истакна Томовска

Управата за јавни приходи како надлежна институција за контрола, утврдување, присилна наплата на придонесите од задолжителното социјално осигурување  го известува надлежниот инспекторат на труд, за работодавачите кои не извршиле пресметка и исплата на плати, односно најниска плата за претходниот месец во согласност со Законот за работни односи.

Потписничките истакнаа дека практичната примена на оваа соработка почнува веднаш. Со ова како што рекоа, се јакнат механизмите за заштита на работничките права утврдени согласно Законот за работни односи.  

На овој  настан, во знак на заедничкото, координирано постапување на институциите, Лукаревска  и врачи Плакета на Томовска  за успешна соработка на Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд. сст/са/

 

 

Остани поврзан