• среда, 27 ноември 2024

УЈП го продолжи рокот до 25 март за поднесување на неколку даночни биланси

УЈП го продолжи рокот до 25 март за поднесување на неколку даночни биланси

Скопје, 12 март 2021 (МИА) - Управата за јавни приходи денеска соопшти дека до 25 март е продолжен рокот за поднесување на даночните биланси за одданочување на добивка, за вкупен приход, за приходи и расходи, за непрофитни организации, како и Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност.

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на COVID-19 (корона вирус), како и барањата на сметководителите за пролонгирање на рокот за поднесување на пријавите и одлуката на Централниот регистар за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка, Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” и “Б, се продолжува заклучно со 25 март 2021 година (четврток). Овој рок се однесува и на другите обрасци за кои што рокот за поднесување е заклучно со рокот за поднесување на годишна сметка односно даночниот биланс, велат од УЈП.

До 25 март се продолжува и рокот за поднесување на исправки на образецот ДДВ-04 за даночните периоди од 2020. бак/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан