• недела, 28 јули 2024

УЈИЕ ќе го прошири зеленилото во кампусот во Тетово

УЈИЕ ќе го прошири зеленилото во кампусот во Тетово
Тетово, 30 април 2021 (МИА) - На средбата помеѓу ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) Абдулменаф Беџети и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа разгледна е можноста во кругот на кампусот да се прошири шумскиот и појасот на зеленилото. Кампусот на УЈИЕ како целина зафаќа површина од 200.000 квадратни метри, од кои 95 000 квадратни метри се зелено и одржувано земјиште. - Ректорот Беџети, зборуваше за мерките кои ги превзема Универзитетот во насока на зачувување на животната средина, постигнување на целта за нула емитување на јаглерод диоксид и други активности, кои не се само во корист на студентите туку и за заедницата. Ние ја развиваме идејата за зеленило во кампусот со оптимални чекори, истовремено одржувајќи ја и позицијата лидер во сите овие аспекти од животната средина, каде придобивката е сеопфатна, првично за здравјето на заедницата со нашиот придонес, информираат од УЈИЕ. Министерот Хоџа ја нагласил важноста на соработката на министерството кој тој ја води и образовните институции, посебно со Универзитетот на Југоисточна Европа. На министерот Хоџа му е доставено барањето и елаборатот на идејниот проект со кој се предвидува уредување на велисипедска и пешачка патека долж целиот кампус. ас/сп/

Остани поврзан