• среда, 25 декември 2024

Уште двајца играчи на Ватфорд под карантин

Уште двајца играчи на Ватфорд под карантин
Ватфорд, 23 мај 2020 (МИА) - Двајца други играчи на Ватфорд се ставени во карантин поради контакт со инфицирани од коронавирус, изјави директорот на тимот, Најџел Пирсон. - Имаме уште двајца играчи кои се во изолација откако биле во близок контакт со две лица од нивните семејства кои се тестираа позитивно за коронавирусот. Самите играчи се негативни и се чувствуваат добро, изјави Пирсон за „Гардијан“. Двајцата играчи, чии имиња не се објавени, им се придружија на дефанзивецот Адријан Маријапа и двајцата вработени во клубот, кои исто така се во карантин оваа недела заради позитивните тестови за Ковид-19. - Овие случаи ги покажуваат компликациите со кои се соочуваме. Во петокот наутро, сите бевме тестирани за коронавирус и ги чекаме резултатите, рече Пирсон.

Тагови

Остани поврзан