• вторник, 08 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Училиштата на регулиран пазар, струја за јавните здравствени установи преку ЕСМ продажба

Училиштата на регулиран пазар, струја за јавните здравствени установи преку ЕСМ продажба
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Економско-енергетскиот совет на Владата вечерва одлучи на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на општините. Според премиерот Димитар Ковачевски, префрлањето на училиштата на регулираниот пазар нема да предизвика проблем со цената на струјата за граѓаните. -Ова нема да предизвика проблем бидејќи се направија точни пресметки во однос на количините електрична енергија кои ги користат основните и средните училишта, напомена премиерот. Советот, како што информира Ковачевски на вонредната прес-конференција, донесе и одлука со која сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската. -Грижата за граѓаните и обезбедувањетоздравствена заштита е императив на оваа Влада, рече Ковачевски. мч/ки/ https://www.youtube.com/watch?v=jOUT4EF7Lk0

Остани поврзан