• сабота, 23 ноември 2024

Ученици од Прилеп со акција за пошумување на дел од планината Селечка

Ученици од Прилеп со акција за пошумување на дел од планината Селечка

Скопје, 21 март 2024 (МИА) – Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп на опожарениот дел на планината Селечка, во близина на манастирот „Св. Димитрија“ во село Селце денеска ќе засадат 2.000 садници обезбедени од училиштето и компанијата „Тила“ од Прилеп.

Како што информираат од „Тила“, идејата за пошумување ја предложило деветгодишно дете пред своите соученици за време на изборот на претседател на класот. Предизвик, а воедно и цел на ова дете било да направи нешто што би било добро за сите дечиња, со што ја добило довербата на неговите соученици.

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ од Прилеп го подготвил теренот за пошумувањето, додека, компанијата „Дар Дам градина“ од Прилеп ќе ги едуцира и води децата низ процесот на пошумување. ар/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан