• сабота, 21 декември 2024

Учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани собираат донации за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани собираат донации за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Кочани, 9 февруари 2023 (МИА) – Во СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани почна хуманитарна акција за помош на настраданите граѓани од земјотресите во Турција и Сирија.

Под мотото „Да покажеме солидарност на оние на кои им е најпотребна“, акцијата се организира по иницијатива на членовите од училишната младинска органзација „Авангарда“, а таа доби целосна поддршка и од вработените и раководството на училиштето.

- Во повикот што го упатија учениците е нагласено дека може да се донира парична помош, но и конзервирана храна, топла облека, ќебиња и средства за лична хигиена. Донациите не се однесуваат само за учениците, професорите и вработените во средното училиште, туку и за сите хумани граѓани од Кочани и пошироко, кои сакаат да ја изразат својата поддршка за луѓето кои останаа без своите домови, истакна директорот на училиштето, Спирко Златков.

Хуманитарната помош може да се достави во холот на СОУ „Гошо Викентиев“, каде е поставен наменски штанд. Секоја донација во финансиски или материјални средства, во соработка со домашните и меѓународните хуманитарни организации, ќе биде испратена за настраданите од земјотресите. та/цр

Остани поврзан