УХМР: Во следните 24 часа пообилни врнежи од дожд
- Синоптичарите најавуваат дека во следните 24 часа не очекуваат пообилни врнежи од дожд и тоа прво на западот, а потоа и на целата територија на државата. На одредени места се очекува врнежите да бидат и над 40 милиметри, известуваат од УХМР.
Скопје, 3 ноемеври 2023 (МИА) - Синоптичарите најавуваат дека во следните 24 часа не очекуваат пообилни врнежи од дожд и тоа прво на западот, а потоа и на целата територија на државата. На одредени места се очекува врнежите да бидат и над 40 милиметри, известуваат од УХМР.
Оттаму предупредуваат дека, доколку овие врнежи се со голем интензитет и за кратко време паднат на одредени помали сливни површини, во текот на ноќта и утрото можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како покрај водотекот така и на патната инфраструктура која е во негова близина. На одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби поради истечни и канализациски води можна е појава на локални комунални проблеми.
- Соодветно резултатите што ги добиваме од моделите врнежи ќе има на целата територија на државата. Поголема внимателност генерално е потребна на западот, југозападот, северот, североистокот и истокот на Македонија, како и во одредени централни делови од државата соодветно прикажани на слика 1, посочуваат од УХМР.
Други модели, велат од УХМР, покажуваат големи врнежи на западот и на истокот на државата и врнежи со поголем интензитет во одредени делови на истокот на Македонија, соодветно прикажани на слика 2.
Синоптичарите истакнуваат дека генерално водотеците низ државата се со ниски и потпросечни протекувања за овој дел од годината, но секако треба да се внимава кај помалите водотеци во прикажаните делови од државата.
- Поради погоре прикажаното препорачуваме внимателно движење покрај реките и суводолиците поради можна појава на опасни води и свлечишта, препорачуваат од УХМР. ир/ев/
Фото: УХМР