• четврток, 17 октомври 2024

УХМР: Во петок и сабота локален дожд и пониски температури

УХМР: Во петок и сабота локален дожд и пониски температури

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека до недела ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време.

Утре ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а во петок и сабота слаб локален дожд претежно во западните делови.

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан