• четврток, 19 декември 2024

Утрово најстудено и со најмногу снег на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија и Гевгелија

Утрово најстудено и со најмногу снег на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија и Гевгелија

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Утрово до 7 часот со - 2 степени Целзиусови е најстудено на Попова Шапка, со снежна покривка во висина од 40 сантиметри, додека 8 степени се измерени во Демир Капија и Гевгелија.  

Во Маврови Анови и Лазарополе се измерени - 1 степен, во Крушево 1, 2 во Берово, 3 степени во Дебар, 4 во Тетово, Претор, Битола, Прилеп и во Куманово, 5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Крива Паланка, Охрид, Штип и Виница, 6 Кавадарци и 7 степени во Струмица. 

Во изминатите 24 часа, како што соопштија од УХМР, најмногу дожд имало во Битола, Пожаране, Маврови Анови и Попова Шапка со 4 литри на метар квадратен, 3 во Тетово, Претор, Гевгелија, Крушево, 2 во Прилеп и Кавадарци и 1 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, Берово, Пожаране и Лазарополе.

Висината на снежната покривка е 37 сантиметри во Маврови Анови, 18 во Крушево и 5 во Лазарополе.

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини (Прилеп и Струмица) има појава на слаба магла. Дува слаб ветер од променлив правец. Утринава пороен дожд има во Битола, а врне и во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан