• вторник, 24 декември 2024

Утре руско-американски консултации за стратешка стабилност

Утре руско-американски консултации за стратешка стабилност
Москва, 4 октомври 2020 (МИА) - Уште една рунда руско-американски консултации за стратешка стабилност ќе се одржи утре во Хелсинки, изјави за ТАСС портпарол на руското Министерство за надворешни работи. - Руското Министерство за надворешни работи потврдува дека ќе се одржат консултации (во Хелсинки, на 5 октомври), рече портпаролот. Пактот за контрола на нуклеарното вооружување меѓу Русија и Соединетите Американски Држави најверојатно ќе биде во фокусот на состанокот, бидејќи тој истекува во февруари. Како што пренесуваат странските агенции, Русија гледа минимални шанси за продолжување на новиот договор СТАРТ - последниот најголем договор околу нуклеарното вооружување, затоа што не ги прифаќа условите поставени од Вашингтон. паг/

Остани поврзан