• вторник, 24 декември 2024

Утре започнува 59. Минхенска безбедносна конференција

Утре започнува 59. Минхенска безбедносна конференција

Минхен, 16 феруари 2023 (МИА) - Утре во Минхен ќе започне 59. Минхенска безбедносна конференција, на која ќе учествуваат голем број високи меѓународни претставници, шефови на држави и влади, министри, како и претставници на меѓународни организации и граѓански сектор. 

Во текот на трите дена од конференцијата во хотелот „Бајеришер Хоф“ во Минхен, учесниците ќе разговараат и за најголемите предизвици на надворешната и безбедносната политика. 

„Клучната тема на овогодинешната безбедносна конференција ќе биде руската инвазија врз Украина, како пресвртница во глобалната политика и најголемиот европски безбедносен предизвик, како и други прашања“, најавија организаторите. паг/

Остани поврзан