• среда, 27 ноември 2024

Утре во манастирот „Св. Прохор Пчински“ заедничка литургија за Илинден на владици на МПЦ-ОА и СПЦ

Утре во манастирот „Св. Прохор Пчински“ заедничка литургија за Илинден на владици на МПЦ-ОА и СПЦ
Белград, 1 август 2022 (МИА) - Во манастирот „Св. Прохор Пчински“, покрај одбележувањето на празникот Илинден од страна на државно-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, заедничка литургија по повод верскиот празник Св. Илија ќе сослужуваат владици на МПЦ-ОА и СПЦ. Како што дознава МИА од српски црковни кругови, заедничката литургија во црквата во манастирот „Св. Прохор Пчински“ со почеток во 8 часот ќе ја сослужуваат митрополитот струмички Наум, митрополит кумановско-осоговски Григориј и епископот стобиски Јаков од МПЦ – Охридска Архиепископија и епископот врањски Пахомије од СПЦ. Исто така, утре во манастирот „Св. Прохор Пчински“ празникот Илинден ќе го одбележат и Македонците од Србија, бидејќи 2 август е државен празник за македонското малцинство во Србија. Државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) на 2 август 1944 година ќе ја предводи претседателот Стево Пендаровски. Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, митрополит кумановско-осоговски Григориј и епископот стобиски Јаков, како и претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на Сојузот на борците на НОБ. Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ и епископот врањски Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква. об/сп/

Остани поврзан