• вторник, 24 февруари 2026

Утре без струја жителите на неколку села во Велешко

Утре без струја жителите на неколку села во Велешко

Велес, 24 февруари 2026 (МИА) - Во текот на утрешниот ден од 9,15 до 13,30 часот  без електрична енергија ќе бидат жителите во  населените места во Општина Велес : Ветерско, Рудник, Лугунци, Крушје, Џидимирци, бензиска пумпа „Детоил“  на автопат Скопје-Велес како и Отовица, информираат од ЕВН.

Инаку денеска  во периодот од 8:55 до 13:30 часот без електрична енергија беа  жителите на улиците „Академик Пенчо Давчев“, сите потрошувачи кои се снабдуваат од Трафостаница „Речани 1“ , а  што воглавно се одесува на жители од истоимената населба Речани и соседните приградски населби на Велес. 

Според Ленче Карпузовска, портпаролка на ЕВН, серијата од неколкучасовни исклучувања од електро - енергетскиот систем во Велес и Велешко деновиве е поради реализација на Инвестициска програма на електродистрибутивната мрежа. ад/вг/

Фото МИА

Остани поврзан