• понеделник, 23 декември 2024

Утре без струја дел од општините Ѓорче Петров и Петровец

Утре без струја дел од општините Ѓорче Петров и Петровец

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Петровец, соопштија од РЦУК Скопје.

Во периодот од 9:00 до15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул.„Воин Драшкоци“, „Ибе Паликуќа“, училиштето „Димитар Поп Беровски“ во Хром,  општина Ѓорче Петров.

Од 10:00 до 12:00 часот корисниците од село Орман, село Никиштани, стопански објекти на Трудбеник, Водостопанство, Гранит, Дарс, МВМ Компани, Регенератор, дел од Новоселски Пат, дел од село Волково, стопански објект на Техника во општина Ѓорче Петров.

Од 8:30 до 14:00 часот  без струја ќе бидат корисниците од ул. 2, дел од ул. 38, дел од ул. 203 во општина Петровец. 

Без струја утре од 8:35 до 11:00 часот корисниците од дел од село Дрма, а од 10:30 до 12:00 часот корисниците од ул.2 село Идризово и викенд населба преку автопат во општина Петровец. дма/са/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан