Утре без струја дел од општините Карпош и Ѓорче Петров
- Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК - Скопје.

Скопје, 24 септември 2023 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК - Скопје.
Во периодот од 9:00 до 12:00 часот без електична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Влае“, „Франце Прешерн“, „Ацо Шопов“ и „Драгутин Аврамовски – Гуте“ во Општина Карпош.
Во периодот од 12:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од зградата бр. 107 на бул.„Партизански Одреди“ во Општина Карпош.
·Во периодот од 12:00 до 18:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Шар Планина“ во Општина Ѓорче Петров. фф/нд/
Фото: МИА Архива