Утре без вода населбата 11 Октомври
- Поради изведување водоводен приклучок ф 200 мм на ул. „Евтим Спространов“ 30, 32 и 34 утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата 11 Октомври.

Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Поради изведување водоводен приклучок ф 200 мм на ул. „Евтим Спространов“ 30, 32 и 34 утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата 11 Октомври.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 10:00 часот до завршување со работните активности. сст/дма/
фото МИА архива