• сабота, 06 декември 2025

Утре без вода дел од Чаир

Утре без вода дел од Чаир

Скопје, 30 октомври 2025 (МИА) - Без вода утре од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Челопек“ и бр. „157“ во Општина Чаир.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците „Челопек“ и бр. „157“.

Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности. фф/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан