Утре без вода делови од Пржино
- Поради поврзување од стара на нова мрежа на ул. „Церска“ раскрсница со „Христо Узунов“ во населба Пржино, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Церска и дел од „Христо Узунов“

Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Поради поврзување од стара на нова мрежа на ул. „Церска“ раскрсница со „Христо Узунов“ во населба Пржино, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Церска и дел од „Христо Узунов“.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот. сст/цр