• среда, 27 ноември 2024

Утара третпат избран за претседател на Брегот на Слонова Коска

Утара третпат избран за претседател на Брегот на Слонова Коска
Јамусукро, 3 ноември 2020 (МИА) - Актуелниот претседател на Брегот на Слонова Коска, Аласане Утара убедливо победи на претседателските избори што се одржаа во неделата и освои трет мандат откако двајцата опозициски противкандидати одлучија да ги бојкотираат изборите, тврдејќи дека кандидатурата на Утара е незаконска. Изборната комисјиат соопшти деа Утара освои 94,3 отсто од гласовите  на изборите на кои одѕивот беше 53,9 проценти. На претседателските избори претходеа протести, откако во август Утара соопшти дека ќе се кандидира за трет мандат, по ненадејната смрт на премиерот Амадуа Гона Кулибали, кој беше претседателски кандидат на владејачката партија. Во протестите загинаа 30 луѓе. Главните опозициски кандидати Паскал Афи Н’Гесан и Анри Конан Беди тврдат дека според Уставот на Брегот на Сонова Коска, Утара не може да се кандидира за трет мандат и повикаа на граѓанска непослушност, што предизвика ставување дека можедасе повтори 2010година, кога изби граѓанскабојнавокоја загинаа повеќе од 3.000 луѓе. Утара (78), кој е на власт речиси една деценија тврди дека со кандидатурата за трет мандат не го прекршил законот бидејќи со уставните измени од 2016 година не се смета неговиот прв мандат. ми/

Остани поврзан