Уставниот суд на Јапонија и наложи на Владата да им плати отштета на насилно стерилизираните лица
- Уставниот суд на Јапонија денеска пресуди дека Владата треба да плати отштета на десетици луѓе кои биле насилно стерилизирани во 50-тите и 70-тите години од минатиот век според тогашниот Закон за заштита на еугениката
Токио, 3 јули 2024 (МИА) – Уставниот суд на Јапонија денеска пресуди дека Владата треба да плати отштета на десетици луѓе кои биле насилно стерилизирани во 50-тите и 70-тите години од минатиот век според тогашниот Закон за заштита на еугениката.
Се проценува дека 25.000 луѓе биле стерилизирани без нивна согласност за да се „спречи раѓањето на потомство со слаб квалитет“, што адвокатите на тужителите го опишаа како „најголемото кршење на човековите права во повоената ера“ во Јапонија.
За Уставниот суд, Законот за еугеника од 1948 година е неуставен и го отфрли тврдењето на Владата дека 20-годишниот рок на застареност треба да ги спречи да плаќаат реституција.
Судот пресуди дека стерилизациите биле извршени „без рационални причини“ и со јасна дискриминација на тужителите поради инвалидитет.
Во 2019 година, како одговор на неколку пресуди од пониски судови, Владата понуди еднократна компензација од 3,2 милиони јени (18.310 евра) за секоја жртва, но според денешната одлука на Уставниот таквиот надомест е недоволен.
Денешната одлука вклучуваше 11 од 39 тужители кои се бореа во пет пониски судови низ Јапонија за нивниот случај да биде разгледан пред највисокиот суд во земјата. Случаите поврзани со други странки сè уште се во постапка. ми/
фото: МИА архива