• среда, 25 декември 2024

Уставниот суд на Црна Гора ги прогласи за неуставни измените во Законот за претседател

Уставниот суд на Црна Гора ги прогласи за неуставни измените во Законот за претседател

Подгорица, 27 јуни 2023 (МИА) - Уставниот суд на Црна Гора на денешната седница едногласно ги укина измените на Законот за претседател што беа донесени во декември минатата година, соопшти судот, од каде уште најавија дека денешната одлука ќе биде објавена во „Службен весник на Црна Гора“.

Измените на Законот за претседател, што се однесуваат на процедурата за избор на мандатар за формирање влада, беа усвоени во декември минатата година, откако поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, одби да му го даде мандатот за формирање на нова влада на Миодраг Лекиќ, кој беше предложен од парламентарното мнозинство.

Бидејќи парламентарното мнозинство предводено од Лекиќ не можеше да формира влада и по изменетиот Закон за претседател, Ѓукановиќ одлучи да го распушти Собранието и да распише вонредни парламентарни избори, кои се одржаа на 11 јуни. сд/

фото: архива

Остани поврзан