• понеделник, 23 декември 2024

Уставниот суд на Еквадор ја декриминализираше евтаназијата

Уставниот суд на Еквадор ја декриминализираше евтаназијата

Кито, 8 февруари 2024 (МИА) - Еквадор стана втората земја во Латинска Америка, по Колумбија, која ја декриминализира евтаназијата.

Уставниот суд на оваа земја гласаше седум спрема два за да им се дозволи на лекарите да им помагаат на пациентите да умрат, јавува Би-Би-Си.

Судот соопшти дека кривичното дело убиство повеќе нема да важи за медицинските лица кои работат на зачувување на правото на достоинствен живот.

Тужбата ја поднесе Паола Ролдан, која боледува од невролошката болест амиотрофична латерална склероза, позната како АЛС.

Предлог-законот за евтаназија сега ќе треба да биде изготвен и одобрен од Конгресот, процес кој може да потрае многу месеци, но адвокатите на Ролдан велат дека пресудата е „веднаш применлива“.

Ролдан, која е врзана за кревет поради болест, пред судот во ноември изјави дека чувствува болка, осаменост и суровост и дека сака да почива во мир.

Римокатоличката црква, на која припаѓаат мнозинството Еквадорци, останува цврсто против евтаназијата.

Колумбија ја декриминализираше евтаназијата во 1997 година. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан