• петок, 05 декември 2025

Успешно спроведена кровдарителска акција во општина Илинден

Успешно спроведена кровдарителска акција во општина Илинден

Скопје, 28 ноември 2025 

Во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, Општина Илинден, на 28 ноември 2025 година (петок), во просториите на Домот на култура „Илинден“, успешно спроведе крводарителска акција. Акцијата се одржа во периодот од 09:00 до 14:00 часот и беше посетена од голем број хумани граѓани, кои несебично решија да даруваат крв, со цел да помогнат онаму каде што е најпотребно, се вели во соопштението од Општина Илинден, што МИА го објавува интегрално. 

Граѓаните на општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата солидарност и општествена одговорност, а благодарение на нивната хуманост беа обезбедени значајни количини крв кои ќе придонесат за спасување човечки животи.

Општина Илинден упатува искрена благодарност до сите учесници во акцијата, до организаторите и до здравствените тимови кои се погрижија целиот процес да помине во најдобар ред.

Општината и понатаму ќе продолжи да поддржува и да организира вакви настани, поттикнувајќи ја солидарноста и добротворноста кај сите граѓани!

 

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан