Успешен прв ден на македонските пингпонгари во Беочин
- Македонските млади пингпонгари имаа успешен настап на првиот ден на меѓународниот турнир што се одржува во рамки на Европската пинг понг федерација во Беочин, Србија
Беочин, 29.ноември 2025 (МИА) – Македонските млади пингпонгари имаа успешен настап на првиот ден на меѓународниот турнир што се одржува во рамки на Европската пинг понг федерација во Беочин, Србија.
Матеја Смолиќ во категорија до 15 години со две победи се избори за второто место во групата и ги продолжува своите настапи, додека Мартин Ристески, категорија У15, во директниот дуел за второто место загуби од Ли Ријан од Ирска и тоа 14:12 во решавачкиот сет.
Кристијан Каламадевски, категорија У15, имаше слична можност во мечот против Денис Фонариуч од Романија. Последниот сет заврши со 9 : 11
Победи забележаа Бојана Јовевска (У13), Давид Јоноски (У15), а блиску до освојување на пласман беше и Сара Ризовска (У15).
Калина Митева (У13) се најде во исклучително тешка група, но покажа добра игра, а Кристијан Митев (У13) забележа една победа во дуелот против Урош Мркајиќ од Црна Гора. Јован Пармачки (У13) извојува победа над Зејд Хоџиќ од Босна и Херцеговина.
Селекторот Сашко Богатинов и тренерот Зоран Јованоски се исклучително задоволни од покажаната игра, со тоа што истата треба да биде мотив за повеќе тренинг и поголем напредок во иднина. Мн/
Фото: Пинг понг федерација на Македонија