• петок, 05 декември 2025

Усик: 38 години се само почеток

Усик: 38 години се само почеток

Лондон, 20 јули 2025 (МИА) - Украинскиот боксер Олександр Усик најави дека уште долго ќе биде во рингот и покрај неговата 38-годишна возраст.

Тој ноќеска го победи Англичанецот Даниел Дубоа и стана апсолутен шампион во тешка категорија.

- 38 години е млад човек. 38 години е само почеток. Зошто реваншите се подобри од првите борби? Не знам. Само сакам да му се заблагодарам на Бога, на мојот тим и на „Вембли“. Ви благодарам за поддршката. Сето ова е за публиката, рече Усик во интервју по борбата.

Усик победи со нокаут во петтата рунда. Тој има 24 победи и ниту еден пораз, додека 27-годишниот Дубоа има 22 победи и два пораза. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан