• понеделник, 23 декември 2024

Усеин Болт ќе ја заштити својата позната поза како лого

Усеин Болт ќе ја заштити својата позната поза како лого

Лос Анџелес, 23 август 2022 (МИА) - Јамајканецот Усеин Болт, еден од најголемите светски спортисти во историјата, и сѐ уште актуелен светски рекордер во спринт, има намера да ја заштити својата позната поза со којашто редовно ги прославуваше своите победи, како свое лого.

Болт стана светски познат по гестикулацијата каде тој се наведнува наназад со раце насочени нагоре, каде едната е испружена, а другата свиткана. Тоа е она што овој светски рекордер сака да го заштити. Според Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД, Болт го поднел барањето за трговската марка минатата недела. Поранешниот спортист планира да го користи ова лого за брендирање очила за сонце, накит, чанти, облека, спортска опрема и ресторани и спортски кафулиња. Болт сè уште ги држи светските рекорди на 100 и 200 метри, што го прави најбрзиот човек во историјата.  си/ссм/

Остани поврзан