• петок, 24 јануари 2025

Усвоен Буџетот на Општина Берово за 2025 година

Усвоен Буџетот на Општина Берово за 2025 година

Берово, 18 декември 2024 (МИА) - Беровските советници на денешната 54-та седница го изгласаа Буџетот за 2025 година проектиран на сума од 414.800.000 денари (6.744.715 евра).

Буџетот на Општина Берово за 2025 година, како што беше кажано во образложението на Седницата, содржи реализација на голем број капитални и инфраструктурни проекти, проекти од областа на спортот и културата, социјална заштита, туризам, локален економски развој, енергетска ефикасност, животна средина и противпожарна заштита.

Според градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски, може  да се каже дека Буџетот на Општина Берово за 2025 година, е развоен и е изготвен водејќи се од начелото на почитување на принципот на буџетска дисциплина и транспарентност.

- Во Буџетот на Општина Берово за 2025 година, се внесени голем број предлози и проекти кои произлегоа од граѓаните , од невладиниот сектор, од младите и предлози кои произлегоа од одржаните форуми во заедницата, рече Пекевски.

Тој упати благодарност до Советниците во Советот на Општина Берово, истакнувајќи дека изгласувањето на Буџетот претставува круна на досегашниот ангажман на административните служби, во изготвувањето на Буџетот и програмите.

Изгласувањето на Буџетот, според него, значи дека општината продолжува и  понатаму со реализација на сите предвидени активности по програмите за 2025 година и со остварување на очекувањата на граѓаните, за подобрување на квалитетот на живот. вс/цр/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан