• среда, 27 ноември 2024

Усвоена Програмата за капитални субвенции во руралните средини

Усвоена Програмата за капитални субвенции во руралните средини
Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) –  Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година со која се предвидува подобрување на руралната инфраструктура и пристапот до земјоделските површини е усвоена на денешната седница на Владата. Владината прес-служба вечерва соопшти дека корисници на средствата на оваа програма се центрите за развој на планските региони на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој. Избраните проекти е предвидено да се реализираат во рок од дванаесет месеци од денот на потпишување на договорот за финансирање. Корисниците ќе треба да поднесат финансиски и наративен извештај најдоцна 15 дена по крајниот рок за имплементација.свс/лв/

Остани поврзан