• сабота, 16 ноември 2024

Урсула фон дер Лајен му изрази на Румен Радев поддршка за пристапување на Бугарија во Шенген

Урсула фон дер Лајен му изрази на Румен Радев поддршка за пристапување на Бугарија во Шенген
Софија, 25 ноември 2022 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во телефонски разговор со претседателот Румен Радев ја изразила својата поддршка за влезот на Бугарија во Шенген, соопшти прес-службата на претседателската администрација. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Фон дер Лајен ги издвои резултатите што ги постигна Бугарија во заштитата на границите на Европската унија и покрај силниот миграциски притисок. Во разговорот, Радев изразил очекување дека резултатите од заштитата на границите ќе бидат препознаени од сите европски партнери и дека Бугарија што поскоро ќе се приклучи на Шенген зоната. Според бугарскиот претседател, поврзувањето е од клучно значење во услови на криза и прекинати или сериозно попречени синџири на снабдување, затоа олеснувањето на комуникацијата меѓу земјите-членки на Европската унија во Југоисточна Европа преку проширување на Шенген зоната треба да биде приоритет. Радев и фон дер Лајен разговараа и за активностите што ги презема официјалната влада на Бугарија за справување со последиците од економската криза за граѓаните и бизнисите и за гарантирање на макроекономската и финансиската стабилност. Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев денеска соопшти дека во Брисел разговарал со министерот за внатрешни работи на Австрија Герхард Карнер, со претставникот на Шведска и со комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон за прашањето за приемот на Бугарија во Шенген. Јохансон ја советуваше Бугарија да ги вложи сите потребни напори до 8 декември. Дерменџиев изрази уверување дека може да се постигне успех, причина за очекуваното гласање во Советот на ЕУ за продолжување на Шенген со Бугарија, Романија и Хрватска. нк/

Остани поврзан