• сабота, 23 ноември 2024

Уредничка на филипински портал осудена за киберклевета

Уредничка на филипински портал осудена за киберклевета
Манила, 15 јуни 2020 (МИА) - Главната уредничка на филипинскиот портал Раплер и поранешна новинарка на Си-ен-ен, Марија Реса, се соочува со казна од шест години затвор, откако судот ја прогласи за виновна по обвинение за клевета. Уредничката на порталот, кој е познат по острите критики кон филипинскиот претседател Родриго Дутерте, е обвинета за киберклевета поради текст од 2012 година, во кој еден бизнисмен е поврзан со вршење незаконски активности. Реса, која има и американско државјанство, изјави дека пресудата за неа е поразувачка, бидејќи тоа покажува оти вработените во Раплер направиле грешка. Во истиот судски случај за виновен е прогласен и поранешниот истражувач и новинар во порталот Рејналдо Сантос.
- Ова е црн ден не само за независноста на медиумите на Филипините, туку и за сите Филипинци. Пресудата всушност ја убива слободата на говор и медиумите, соопшти Националното здружение на новинари. Бизнисменот Вилфредо Кенг бил главна тема во статијата на порталот во 2012 година, а ажурирана во 2014 година, во која тој се поврзува со незаконски активности врз основа на информации добиени од извештаи од неименувани разузнавачки служби. Тој во тужбата наведува дека во текстот имало „злонамерни лажни наводи за криминал, пороци и измами“. На порталот Раплер во 2018 година му е укината дозволата за работа поради наводно кршење прописи за странска сопственост, а во тек е судски процес во врска со избегнување на плаќање данок. гт/

Остани поврзан