Уредена јавна површина во Чашка со детски и други реквизити и летниковец
- Завршија градежните активности за уредување, поплочување, осветлување и монтажа на детски реквизити на централниот дел од улицата „Коста Рацин“ во Чашка со кој жителите добија нов уреден простор за одмор и рекреација, а децата за забава, информира градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.

Велес, 21 февруари 2025 (МИА) - Завршија градежните активности за уредување, поплочување, осветлување и монтажа на детски реквизити на централниот дел од улицата „Коста Рацин“ во Чашка со кој жителите добија нов уреден простор за одмор и рекреација, а децата за забава, информира градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.
Во соработка со ЈПКД „Тополка" чии вработени работеа на уредувањето на јавната површина, а по обезбедени финансиски средства од Општина Чашка, оваа јавна површина која претходно беше целосно запуштена, сега е модерно уреден парк.
-Градиме по план, обезбедуваме за сите квалитетна инфраструктура. Вакви зелени паркови со детски и други реквизити наскоро ќе поставиме и во другите населени места во општината, најави Стојановски. ад/са/
Фото: Општина Чашка