• вторник, 06 август 2024

Уралоглу: Турската Влада ќе разговара со претставници на Инстаграм по блокирањето на пристапот до платформата за социјалните медиуми

Уралоглу: Турската Влада ќе разговара со претставници на Инстаграм по блокирањето на пристапот до платформата за социјалните медиуми

Анкара, 5 август 2024 (МИА) - Турската Влада ќе разговара денеска со претставници на Инстаграм, откако минатата недела го блокираше пристапот до платформата за социјалните медиуми, рече министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу во објава на Икс.

Овој потег следи откако висок турски функционер го обвини Инстаграм за блокирање на објави за сочувство по атентатот на Исмаил Ханија, водач на палестинската милитантна група Хамас.

Уралоглу рече дека Турција изразила одредена чувствителност во однос на усогласеноста со турските закони на претходен состанок со претставници на Инстаграм минатата недела. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан