УО на Здружението на судии усвоил стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите
- Управниот одбор на Здружението на судии на Република Северна Македонија на денешната седница усвоил Стратегија за подобрување на материјалниот статус на судиите 2022-2024 година.
Скопје, 10 февруари 2022 (МИА) - Управниот одбор на Здружението на судии на Република Северна Македонија на денешната седница усвоил Стратегија за подобрување на материјалниот статус на судиите 2022-2024 година.
На седницата, како што е наведено во соопштението од Здружението на судиите, се расправало и за моменталната состојба за материјалниот статус на судиите и досега преземените активности, и притоа било заклучено дека договорните активности со Владата на РСМ низ долгогодишниот дијалог, а во насока на подобрување на материјалниот статус на судиите не се реализирани во целост од страна на Владата.
-Согледувајќи ја моменталната состојба во однос на трошоците на живот како и фактот дека суштински договорените активности со Владата на РСМ не се реализирани во однос на буџетирањето и платите на судиите, на денешната седница Управниот одбор формираше Работна група која ќе изготви нови барања кон надлежните институции со конкретни рокови за реализација. Во спротивно, согласно консултациите со членството, Здружение на судиите на Република Северна Македонија, ќе преземе други мерки за остварување на своите цели, се посочува во соопштението од ЗСРСМ. дма/вј/