• вторник, 26 ноември 2024

УНХЦР ја повика Кина да ги спроведе препораките за подобрување на човековите права во Сиџијанг и Тибет

УНХЦР ја повика Кина да ги спроведе препораките за подобрување на човековите права во Сиџијанг и Тибет

Женева, 4 март 2024 (МИА) - Шефот на Агенцијата за човекови права на Обединетите нации (УНХЦР), Волкер Тирк, денеска ги повика властите во Кина да ги спроведат препораките за измени на законите кои, како што рече, ги кршат основните човекови права, особено во регионите Сиџијанг и Тибет.

-Исто така, ја повикувам кинеската Влада да ги спроведе препораките на мојата канцеларија и другите организации за човекови права во врска со законите, политиките и практиките што ги кршат основните човекови права, особено во регионите Сиџијанг и Тибет, рече Турк пред Советот за човекови права на ОН во Женева, пренесуваат британските медиуми.

Дипломатската мисија на Кина во Женева не одговори веднаш на барањето за коментар. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан