• среда, 25 декември 2024

УНРВА: До крајот на денот дури 70 отсто од жителите на Газа нема да имаат пристап до чиста вода

УНРВА: До крајот на денот дури 70 отсто од жителите на Газа нема да имаат пристап до чиста вода

Газа, 15 ноември 2023 (МИА) - Генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа на палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини, предупреди дека до крајот на денешниот ден околу 70 отсто од населението во Појасот Газа ќе немаат пристап до чиста вода. 

„Целата наша операција сега е на работ на колапс. До крајот на денешниот ден околу 70 отсто од населението во Газа нема да има пристап до чиста вода“, напиша Лазарини на социјалната мрежа X. 

Тој додаде дека горивото, што е наменето исклучиво за камиони на Обединетите нации, нема да спасува животи, а тоа чекање ќе доведе до уште поголема загуба на животи. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан