• среда, 27 ноември 2024

УНРВА го повика Израел да ја повлече одлуката за забрана на испораките на храна во северниот дел на Газа

УНРВА го повика Израел да ја повлече одлуката за забрана на испораките на храна во северниот дел на Газа

Женева, 26 март 2024 (МИА) - Претставник на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци УНРВА (UNRWA) денеска апелираше до израелските власти да ја отповикаат одлуката за забрана за испорака на храна од агенцијата во северниот дел на Појасот Газа, изјавувајќи дека „луѓето се соочуваат со сурова смрт од глад“.

-Одлуката мора да се отповика. Не можете да тврдите дека се придржувате до меѓународното право кога ги блокирате конвоите со храна испорачани од УНРВА, рече портпаролот Јенс Лерке, на брифинг со новинарите.

Шефот на УНРВА, Филип Лазарини, пред два дена објави дека израелските власти ги информирале ОН дека повеќе нема да дозволуваат минување на конвои со храна северно од Појасот.

Портпаролот на израелската влада Дејвид Менсер вчера ја обвини УНРВА дека е „дел од проблемот“ и дека придонесува за продолжување на конфликтот, претходно пренесоа британските медиуми.

-УНРВА е дел од проблемот и затоа е донесена одлука да се прекине соработката со нив. Тие придонесуваат за продолжување на конфликтот, рече Менчер на прес-конференција.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вчера од Јордан порача дека мора да се направат напори за „да се продолжат единствените услуги што ги обезбедува УНРВА.

-Во мрачниот свет, УНРВА е зракот светлина за милиони луѓе, рече Гутереш. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан