Уништено местото на тетовско Кале каде беше оддадена почит за бранителите од 2001
- Само неколку часа по настанот на кој Одборот на бранители денеска на тетовското Кале го организираше во чест на бранителите за успешно завршената операција за ослободување на Калето на 26 мар
Тетово, 27 март 2021 (МИА)- Само неколку часа по настанот на кој Одборот на бранители денеска на тетовското Кале го организираше во чест на бранителите за успешно завршената операција за ослободување на Калето на 26 март 2001 уништени се сите оставени цвеќиња. Спомен плочата не е оштетена затоа што веднаш по настанот токму поради превенција од Одборот ја подигнале и однеле на безбедно место.
-Оштетувањето го пријавив во полицијата. Оттаму ми рекоа дека ќе биде извршен увид на самото место. Ова е показател каков е нивниот соживот на дело, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.
На ридот Балтепе на пладне беше откриена нова спомен плоча во чест на бранителите од Армијата и Полицијата за успешно завршената операција за ослободување на Калето на 26 март 2001 и за оние кои во тетовскиот регион ги дадоа животите во одбрана на државниот суверенитет. По поставување на плочата беше оддадена почит со едноминутно молчење како и со положување на цвеќе, а одржана беше и помен панихида. ас/свс/