• среда, 27 ноември 2024

УНИЦЕФ: Околу 2,3 милиони деца во Тиграј немаат пристап до хуманитарната помош

УНИЦЕФ: Околу 2,3 милиони деца во Тиграј немаат пристап до хуманитарната помош
Адис Абеба, 16 декември 2020 (МИА) - Во провинцијата Тиграј, северна Етиопија, каде не престанува насилството, околу 2,3 милиони деца немаат пристап до хуманитарната помош, соопшти УНИЦЕФ. - Помошта за децата во Тиграј мора да биде приоритет, соопшти УНИЦЕФ, додека хуманитарните организации укажуваат дека и покрај договорот со етиописките власти, забранет им е пристап до загрозените подрачја. Додека етиописките власти тврдат дека презеле контрола, припадниците на Народноослободителниот фронт на Тиграј и понатаму се борат на неколку фронтови. Судирите во Тиграј почнаа на 4 ноември, при што досега загинаа илјадници луѓе, а околу 50.000 избегале во соседен Судан. Обединети нации бараар безусловно и итно овозможување на трајна достава на хуманитарна помош до сите на кои им е потребна. Но, ниту етиописката Влада ниту бунтовниците не одговорија на апелот. ми/

Остани поврзан