• сабота, 23 ноември 2024

УНИЦЕФ: Илјада деца умираат секој ден поради загадена вода за пиење

УНИЦЕФ: Илјада деца умираат секој ден поради загадена вода за пиење

Њујорк, 20 март 2023 (МИА) - Загадената вода за пиење и недостиг на санитарна инфраструктура ги загрозуваат животите на децата ширум светот, соопшти УНИЦЕФ.

Секој ден, повеќе од илјада деца на возраст под пет години умираат од болести предизвикани од загадена вода, недостиг на санитарни услови и лоша хигиена, објави УНИЦЕФ денеска во Њујорк.

Вкупно 190 милиони деца во 10 африкански земји се изложени на ризик, покажува новата анализа на организацијата. Ситуацијата е најсериозна во земјите од Западна и Централна Африка, како што се Бенин, Буркина Фасо, Камерун, Чад, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја, Мали, Нигер, Нигерија и Сомалија. Многу од овие земји страдаат од нестабилност и вооружени конфликти, што дополнително го отежнува пристапот на децата до чиста вода и канализација.

Среда е Светски ден на водата, а на тој ден во Њујорк започнува конференцијата на ОН - целта е да се разгледа степенот до кој може да се постигнат меѓународно договорените цели, вклучително и целта за одржлив развој на ОН за пристап до чиста вода до 2030 година, јави ДПА.

Според податоците на ОН, дури две милијарди луѓе во светот или секој четврти жител не може да смета на чиста вода. паг/

 

Остани поврзан