• вторник, 31 март 2026

УНИЦЕФ: Во Либан 20 проценти од населението е раселено поради војна, речиси 19.000 деца се раселуваат дневно

УНИЦЕФ: Во Либан 20 проценти од населението е раселено поради војна, речиси 19.000 деца се раселуваат дневно

 

Бејрут, 30 март 2026 (МИА) - Војната во Либан расели 20 проценти од населението за само три недели, а просечно 19.000 деца се принудени да ги напуштат своите домови секој ден - изјави денеска претставникот на УНИЦЕФ во Либан, Марколуиџи Корси.

Тој за Си-ен-ен изјави дека еден од предизвиците со кои се соочува УНИЦЕФ во Либан е неможноста да се допре до децата, особено на југот од земјата, откако израелските воздушни напади уништија неколку мостови.

„Друг предизвик е обидот да се поддржат децата што сега живеат во привремени засолништа, од кои многумина се постојано раселени и постојано трауматизирани“, рече Корси.

Организациите во Либан, како што е УНИЦЕФ, сега обезбедуваат основни услуги, како што се вакцинација на деца, медицинска грижа и центри за учење, а училиштата остануваат затворени.

Во некои делови од Либан бомбардирањето го направи пристапот до чиста вода невозможен бидејќи резервоарите и пумпните станици се уништени, според УНИЦЕФ.

УНИЦЕФ истакнува дека во Либан се оштетени и мостови и санитарните системи. мс/јт/

фото: Архива

Остани поврзан