• вторник, 07 април 2026

УНИФИЛ предупредува на можен одговор на огнот од Израел или Хезболах

УНИФИЛ предупредува на можен одговор на огнот од Израел или Хезболах

Бејрут, 6 април 2026 (МИА) - Мировната мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) предупреди дека нејзините припадници би можеле да возвратат на продолжените оружените судири што се во тек меѓу израелските сили и движењето Хезболах во јужните делови на Либан.

Во соопштението се наведува дека постои сериозна загриженост во Мисијата поради нападите извршени од двете страни во непосредна близина на позициите на мировниците што, како што се истакнува, може да доведе до оружен одговор.

УНИФИЛ ги повика сите страни да го прекинат огнот и да преземат конкретни чекори кон деескалација на состојбата.

Мисијата на Обединетите нации е распоредена во Либан од 1978 година со цел одржување на мирот и стабилноста во регионот. аб/сд

фото/ЕПА

Остани поврзан